Просечната цена на земјоделското земјиште во ЕУ е 10.578 евра по хектар: Еве каде е поскапо

Просечната цена на земјоделското земјиште во Европската унија во 2022 година изнесува 10.578 евра по хектар, објави Евростат.

Евростат ги објави резултатите врз основа на истражување спроведено во 21 земја на ЕУ.

Најскапото земјоделско земјиште во 2022 година било на Малта и се продавало по цена од 233.230 евра по хектар, во Холандија 85.431 евро, Луксембург 42.720 евра по хектар и Ирска 38.013 евра, се наведува на сајтот на Евростат.

Словенија го зазеде високото петто место со просечна цена од 23.282 евра по хектар и големи регионални разлики во цената на обработливото земјиште, односно западниот дел од земјата е значително поскап од источниот.

Хрватска е на дното на скалата со просечна цена од 3.700 евра за хектар земјоделско земјиште, додека во јадранскиот дел од земјата е нешто повисока, 5.202 евра по хектар.

Просечната цена за изнајмување на хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2022 година беше 233 евра по хектар.

Можеби ќе ве интересира...

РКЕ СО ОДЛУКА: Поевтинуваат некои од горивата

BiznisPRO

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Германскиот гигант прогласи банкрот

BiznisPRO