Над 60.000 денари скокна просечната бруто плата во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (28.2 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.6 %), Рударство и вадење на камен (8.8 %) и Уметност, забава и рекреација (8.8 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 60 036 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Делова-Јолевска од Народната банка: Штедењето во денари е безбедно и исплатливо

BiznisPRO

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

BiznisPRO

24-ти април и 8-ми мај 2024 ќе бидат неработни денови само оваа година, еве и зошто

BiznisPRO