Нето надворешниот долг на Македонија е зголемен за 109 милиони евра

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на вториот квартал од 2024 година:

На 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.481 милион евра (или 30,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра, или за 2,5%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64%.

Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8.622 милионa евра, што претставува 59,2% од проектираниот БДП за 2024 година.

Можеби ќе ве интересира...

БДП пораснал за 0.9 отсто

BiznisPRO

Со Законот за нефер трговски практики се штитат граѓаните од неетичко однесување на трговците и неправедно зголемување на цените

BiznisPRO

Вегета го повлече од продажба свој познат производ

BiznisPRO