Мекдоналдс во Италија / фото Бизниспро

Најголем пад на продажбата на Мекдоналдс во последните четири години

Американскиот ланец ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ забележа глобален пад на продажбата од 1,5 отсто, што е најголемо намалување во последните четири години.

Најголем пад е забележан на пазарите на земјите во развој, дури 3,5 отсто. Следуваат пазарите на развиените земји, со пад на продажбата за 2,1 отсто, објави американската компанија. Најлоши резултати се во Франција и Велика Британија, додека минатогодишното ниво е задржано во САД, пренесува Блумберг.

Граѓаните помалку ги посетувале рестораните во САД, Европа и Кина, барале поевтини оброци и повеќе храна подготвувале дома. Послабата потрошувачка во Кина и вооружените конфликти на Блискиот Исток го загрозија бизнисот со ресторани со кои управуваат локални партнери на Мекдоналдс, при што продажбата падна за повеќе од десет проценти.

„Мекдоналдс“ ги објави и резултатите од скромниот раст на приходите во третиот квартал од оваа година. Како причина за слабата продажба се наведуваат послабите резултати во Европа и Кина, како и последиците од вооружените конфликти на Блискиот Исток.

Вкупниот приход од јули до септември е за три отсто поголем од лани и изнесува 6,87 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира...

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

BiznisPRO

За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка

BiznisPRO

Истражувањето на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените

BiznisPRO