Највисока просечна хрватска плата има во Загреб, а еве каде е најниска

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица во четвртиот квартал од 2023 година во однос на истиот период од 2022 година е зголемена во сите жупании. Најголем пораст е забележан во Пожега-славонската и Вуковарско-сремската жупанија по 17,1 отсто, а најмал во градот Загреб за 12,3 отсто.

Државниот завод за статистика соопшти дека највисока просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во правни лица во четвртиот квартал од 2023 година е исплатена во градот Загреб, во износ од 1.380 евра, а најниска во Вировитско-подравинската жупанија. во износ од 1.043 евра.

Просечната месечна бруто-плата по вработен во правните лица во четвртиот квартал од 2023 година во однос на истиот период од 2022 година е зголемена во сите жупании. Најголем пораст има во Вуковарско-сремската жупанија, за 18,5 отсто, а најмало во градот Загреб, за 13,5 отсто.

Највисока просечна месечна бруто-плата по вработен во правните лица во четвртиот квартал од 2023 година има градот Загреб во износ од 1.982 евра, а најниска во Вировитско-подравинската жупанија во износ од 1.383 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Германската Амбасадорка во посета на Алкалоид

BiznisPRO

Петте најбогати го удвоиле своето богатство, 60 отсто од населението уште повеќе осиромашиле

BiznisPRO

Рекордно поскапување на горивата во Црна Гора

BiznisPRO