Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Намалување на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, номинално за 1,4 проценти, а реално за 8,5 проценти во јануари годинава во однос на јануари лани евидентира Државниот завод за статистика.

Како што објави денеска ДЗС, прометот во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво во јануари годинава во однос на јануари лани номинално е зголемен за 12,8 проценти, а реално за 9,9 проценти), а во групата Трговија на мало, освен трговија со горива за 5,7, односно за 0,6 проценти.

Кај прометот трговијата на мало со автомобилски горива статистиката бележи номинално зголемување за 61,5 проценти, а реално за 25,6 проценти. /МИА

Можеби ќе ве интересира...

Се укинува прогресивното оданочувања, Хонорарците нема да плаќаат повеќе од 10% данок

Бизнис про

Бензинот и дизел горивото имаат рок на траење: Можат побрзо да се расипат кога се чуваат дома

Бизнис про

Убава вест: Од утре почнува исплатата на мајските пензии зајакнати со по 1000 денари дополнителна помош

Бизнис про