БДП пораснал за 0.9 отсто

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2023 година е 0.9 %.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, поголем пораст е забележан во секторите: Ѓ – Градежништво од 5.5 % и И – Финансиски дејности и дејности на осигурување од 3.5 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2023 година, номинално расте за 5.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 70.9 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 0.1 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5.3 %.

Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите.

Можеби ќе ве интересира...

Во Македонија има 100.000 невработени лица

BiznisPRO

Важна информација од УЈП

BiznisPRO

Доаѓаат свежи пари: Пензиите од следниот месец ќе бидат покачени за 5 отсто, наредното покачување е во септември – Следната недела и исплата на помошта до 3.000 денари

BiznisPRO