НАМАЛЕНА ПРОДАЖБА: Автомобилите на Tesla во Кина паднаа за 10,9 отсто на годишно ниво

Кинеската асоцијација за патнички автомобили објави дека продажбата на електрични возила на Tesla (ЕВ) произведени во Кина во септември паднала за 10,9 отсто на годишно ниво.

Во извештајот се наведува дека во септември Tesla продал 74.073 ЕВ кои биле произведени во Кина.

Продажбата на автомобилите на Tesla Model 3 и Model Y произведени во Кина падна за 12 отсто на месечно ниво.

Тесла извезува значителна количина од автомобилите што ги произведува на кинескиот пазар.

Калифорниската фирма неодамна откри дека испорачала помалку електрични возила во третиот квартал отколку во претходниот квартал, но дека нејзината годишна цел останува иста – 1,8 милиони ЕВ испорачани во 2023 година. Tesla ќе ги објави своите целосни резултати за третиот квартал на 18 октомври

Можеби ќе ве интересира...

Кои се најстарите авиокомпании во светот: Меѓу нив е и ЕДНА ОД РЕГИОНОТ

BiznisPRO

Индија купи три милиони барели нафта од Русија

BiznisPRO

Нова одлука: Овие станари имаат право на државен стан

BiznisPRO