Намалување на цените на горивата – поевтинуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука со која од ноќеска се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во земјата.

Според последната одлука, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1 денар по литар. Со тоа, новите малопродажни цени изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 73,00 ден/лит
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 75,00 ден/лит

Намалување има и кај дизел горивата. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се поевтини за 0,50 денари по литар, па така новите цени изнесуваат:

  • ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 68,00 ден/лит
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 67,50 ден/лит

Одлуката е донесена врз основа на движењата на цените на нафтата на светските берзи во изминатата недела, како и курсот на денарот во однос на доларот.

Новите цени стапуваат на сила од полноќ и ќе важат следните седум дена.

Можеби ќе ве интересира...

Во декември: Годишен раст од 12,4% на вкупните депозити и од 11,2% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO

Курсна листа за 11 јули 2025

BiznisPRO

Северна Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

BiznisPRO