Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител.

Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.

Во запленетото возило, небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото – ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот.

Можеби ќе ве интересира...

Дневница од 1.600 до 2.000 денари, платена и храна: Овој град во Македонија има потреба од берачи на јаболка

BiznisPRO

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3.6 милијарди денари

BiznisPRO

Поделени 493 милиони денари за зелена нафта, оваа мерка од наредната година ќе претрпи измени за да биде поефективна

BiznisPRO