• ноември 8, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Недела на италијанска кујна во Скопје, во организација на Амбасадата на Р.Италија и ITA- Italian Trade Agency Skopje, во соработка со East Gate Mall и TINEX.

Недела на италијанска кујна во Скопје, во организација на Амбасадата на Р.Италија и ITA- Italian Trade Agency Skopje, во соработка со East Gate Mall и TINEX.

Овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна започнува на 10 ноември (четврток),со гала вечера во ресторанот BELLA VISTA во EAST GATE MALL, каде гостува тимот готвачи од Салерно, Џовани Писапиа и Кармела Санторо. Гостите ќе уживаат во една несекојдневна вечер, во пријатна атмосфера, со врвните специјалитети подготвени од вештите раце на готвачите – вистинско гастрономско патување во Салерно, мало гратче на југот на Италија.

Наредниот ден, 11 ноември, петок, со почеток во 16.30 часот, посетителите на EAST GATE MALL ги очекува спектакл: дефиле на готвачи низ булеварот на EAST GATE MALL и отворање на Mercatino Italiano пред платото на ТИНКЕС, со промоција и продажба на автентична италијанска храна и пијалоци и забава со италијанска музика, која ќе продолжи и за време на викендот.

Во сабота, на 12 ноември, демо готвење во отворената кујна на СУПЕР ТИНЕКС во EAST GATE MALL, каде готвачите од Италија ќе ги откријат тајните на некои од најпознатите италијански специјалитети.

Викендот, 12 и 13 ноември, ќе биде резервиран за второто издание на Фестивалот на италијанска храна на плоштадот Македонија: експлозија од вкусови, традиции, забава и изненадувања на едно место! Станува збор за настан на отворено со кој се одбележува Неделата на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност.
Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе се обидат да ги доловат автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Италија каква што ја замислувате, Италија каква што би сакале да ја вкусите…..каде што секој вкус има своја приказна. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…
Учесници на настанот се: Таверна Тоскана, Ла Тераца, Ботрега дел Вино, Еуролаб, Пица плејс, Боттега дел Густо, ИТА бренд, ЈЕС паста, Бира Морети и Таверна Наполи.

Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.

Лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите NEPTUN, COIN CASA, BOTTEGA DEL GUSTО, BOTTEGA DEL VINO, EUROLAB, BIRRA MORETTI, YES PASTA, PIZZA PLACE и ITA BRAND.

На 12 ноември, во 13.00 часот настанот на плоштадот Македонија ќе го отворат Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на забавен и уникатен начин ќе ја претстават италијанската кујна. Посетителите ќе можат да уживаат цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и вкусна италијанска храна. Посебно музичко доживување ќе биде да се слушнат најголемите италијански хитови на сите времиња, од евергрините од 60тите, 70-тите и 80-тите години во изведба на бендовите БОНАДЕА и НИКС до модерниот ремикс на последните летни хитови.

Поврзани соддржини

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна,…
Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

Дали треба да се стави крај на манипулациите со…

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување…
Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога…

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано…
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи…

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната…
Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите…

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД…
Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт…

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги…
Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има…

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини…
Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова…

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од…
Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…