НЕГАТИВЕН ПРИРОРЕД ПРИРАСТ: За 4,5 проценти помалку родени деца во последниот квартал од 2023 – се родиле 4.185 деца, а починале 5.028 лица, меѓу кои 9 доенчиња

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.5 % и изнесува 4 185 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 028 лицa, а од нив 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен – 843 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Можеби ќе ве интересира...

Драстичен скок на цената на горивата од утре

BiznisPRO

„Луда Мара“ – нов вински бренд во портфолиото на „Тиквеш“

BiznisPRO

Народната банка ја информира јавноста за одржувањето на 51. сесија на Клубот на истражувачите

BiznisPRO