Нема повисоки плати за наставниците, минималецот нема да биде 450 евра

Синдикатот бара 12 отсто повисоки плати за наставниците, со оглед на праксата за зголемување која што се случуваше изминатите години, но пари за тоа оваа година нема.

– Ние сме отворени за разговор и дијалог. Јас уште еднаш велам, мора реално да ја согледаме можноста, повторувам, сите вие знаете каква девастирана држава наследивме не само во образованието. Ние сега треба да го спречиме слободниот пад на државата, да ја стабилизираме, да го придвижиме кон нулата и од тука да почнеме да градиме нанапред, рече Весна Јаневска, министерка за образование од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

На повисоки плати наставниците може да се надеваат следната година.

Но засега е непознато дали ќе остане праксата минималецот да се корегира секој март, како и во изминатите години. Важно е да се знае дека годинава нема да има корекција на минималецот, а тоа е очекувано дури следната година во март.

Можеби ќе ве интересира...

Силен раст на просечната плата во Хрватска

BiznisPRO

Nvidia забележа годишен раст на приходите од 114 проценти

BiznisPRO

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.3 % во април 2026 во однос на април 2025 година

BiznisPRO