Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Подгответе се да се нурнете во свет на бескрајни можности за забава бидејќи стриминг платформата на МТЕЛ, Move TV отсега е со најголем број ТВ канали понудени од кој било телеком провајдер во Македонија. На и досега широкиот избор од ТВ канали компанијата додава бесплатно нови ТВ канали.

Со ова корисниците добиваат избор од над 250 канали вклучени во претплатата кои опфаќаат различни жанрови, јазици и култури, избор што може да воодушеви секој.

„МТЕЛ како компанија не само што го редефинира уживањето во квалитетната телевизиска понуда, тука на самиот корисник му даваме моќ да ја преземете контролата врз своето искуството со стриминг платформата. Без разлика дали сте спортски ентузијаст, љубител на филмови или љубители на ТВ серии, нашата разновидна палета на понуди гарантира дека има по нешто за секого. Во три различни пакети по особено поволни цени за корисници во Македонија се вклучени Арена спорт каналите, ХБО, Суперстар, Еуроспорт, БлицТВ“, велат од компанијата.

Покрај изборот од над 250 ТВ канали, МОVE TV нуди и видеотека со над 10 000 филмови и серии, можност за слушање на најдобрите домашни и регионални радио-станици. МОVE TV може да се користи на телевизиски уред (обичен со MOVE Android Box или смарт телевизор), на телефон и таблет.

Една од главните придобивки за корисниците е можноста за паузирање и премотување сите телевизиските  канали во реално време, до 7 дена наназад. Освен тоа, со МОVE Android Box секој телевизиски уред станува паметен, а МOVE TV може да се користи на 5 уреди истовремено во зависност од избраниот пакет. А, сите ваши активности на платформата се синхронизираат на различните уреди на кои ја користите.

Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број 15010 или на mtel.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Pazar3.mk освои прво место во категорија Е-Огласник за 2023 година на настанот организиран од АЕТМ

BiznisPRO

Adventure Macedonia и Мтел авантура низ Македонија – пејзажи кои го одземаат здивот и одлична телевизија каде и да сте

BiznisPRO

Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување

BiznisPRO