Невработеноста во Америка е најголема во последните две години

Стапката на невработеност во Соединетите Американски Држави се зголеми во февруари од 3,7 отсто во јануари на 3,9 отсто и сега е највисока од јануари 2022 година.

Ова денеска го објави американското биро за статистика на трудот (BLS) на својата веб-страница.

Невработеноста во претходните три месеци беше на ниво од 3,7 отсто.

Вкупниот број на невработени во Соединетите Американски Држави се зголеми за 334.000 месечно на вкупно 6,5 милиони.

Бројот на долгорочно невработени кои бараат работа повеќе од 27 недели изнесува 1,2 милиони и не се промени значително во однос на јануари.

Учеството на долгорочно невработените во вкупниот број на невработени е 18,7 отсто.

Стапката на учество на работната сила за февруари е 62,5 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Убава вест: Падна одлука во РКЕ – значително поевтинуваат дизелот и бензините

BiznisPRO

Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 6,8% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO

Колку ќе изнесуваат девизите во петок? – Еве ја најновата курсна листа

BiznisPRO