Нов удар по џебот: Дизелот скокна за 4,50 денари, бензините поскапеа за три

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,55 проценти во споредба со претходната одлука од 20 јули.

Новите максимални цени ќе важат од 28 јули 2026 година, од 00:01 часот. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 93 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по 95 денари. Еуродизелот ќе достигне цена од 98,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 98 денари за литар.

Бензините поскапуваат за по три денари за литар, дизелот за 4,50 денари, а екстра лесното масло за пет денари. Цената на мазутот се зголемува за 2,726 денари за килограм и ќе изнесува 48,099 денари.

Како причина за поскапувањето, РКЕ го наведува растот на референтните цени на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, бензините поскапеле во просек за 6,229 проценти, дизелот за 7,442 проценти, екстра лесното масло за 8,051 процент, а мазутот за 8,159 проценти.

Курсот на денарот во однос на американскиот долар бил понизок за 0,0397 проценти, но растот на светските цени довел до значително зголемување на домашните малопродажни цени.

Можеби ќе ве интересира...

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати

BiznisPRO

Се отвори “СИМБОЛ” новиот малопродажен парк, за нова модерна Струмица

BiznisPRO

Минимално поевтинување на горивата

BiznisPRO