Нова капитална инвестиција на Пивара Скопје: Катна гаража вредна 2,8 милиони евра

Инвестицијата обезбедува над 400 паркинг места и значително ги унапредува условите за работа, безбедноста и идниот развој на компанијата.

Пивара Скопје ја пушти во употреба новата катна паркинг гаража, инвестиција вредна 2,8 милиони евра, која обезбедува повеќе од 400 паркинг места и ја подобрува пристапноста и сообраќајната организација ворамки на производствениот комплекс. Инвестицијата е дел од е дел од континуираните инвестиции и одговара на растечките потреби на компанијата и нејзините вработени преку поефикасно искористувањена просторот, поголема функционалност и подобрена оперативна ефикасност.

Симболично означувајќи го почетокот на новата инвестиција, официјалното пуштање во употреба гоодбележаа Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје, и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

Во Пивара Скопје веруваме дека вистинскиот успех на една компанија не се мери само преку деловнитерезултати, туку и преку вредноста што ја создава за луѓето и за заедницата. Како една од водечкитекомпании во земјата, континуирано инвестираме во модернизација, иновации и развој на нашитевработени, а истовремено придонесуваме за економскиот и општествениот развој преку бројни локалнипартнерства и иницијативи. Новата катна гаража е многу повеќе од инфраструктурен објект. Таа е уштеедна потврда на нашата долгорочна посветеност да создаваме подобри услови за работа, да ги следименајвисоките стандарди за безбедност и да инвестираме во решенија кои носат трајна вредност за нашитевработени, заедницата и идните генерации“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на ПивараСкопје.

На свеченото отворање присуствуваше и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба, кој ја поздрави инвестицијата и го истакна нејзиното значење за локалниот економски развој.

Денес присуствував на пуштањето во употреба на новата катна гаража во Пивара Скопје, проект којпретставува значајна инвестиција во подобрувањето на условите за работа и развој на компанијата. КакоОпштина Гази Баба, остануваме силен партнер на бизнис-секторот и посветено работиме на создавањеуслови за локален економски развој, нови инвестиции и отворање нови можности за граѓаните.Соработката со успешните компании и бизнис-партнери е од особено значење за развојот на општината. Нашата цел е да градиме отворена и ефикасна општина која ги препознава потребите на стопанството и заеднички создава подобра средина за живеење и работење. Честитки до Пивара Скопје за овааинвестиција и за продолжувањето на успешната приказна. Верувам дека со заедничка работа можеме данаправиме Гази Баба да биде уште подобро место за бизнис, инвестиции и нови можности, изјавиградоначалникот Стефковски.

Новата катна гаража се простира на 8.880 квадратни метри, распоредени на три нивоа. Објектот располагасо унапреден систем за управување со сообраќајот, подобрена сигнализација и осветлување, посебнообележани пешачки и велосипедски патеки, современ систем за противпожарна заштита и енергетскиефикасно ЛЕД-осветлување. Изградена согласно сите релевантни безбедносни и еколошки стандарди, гаражата е подготвена да ги поддржи идните развојни планови на компанијата.

Со оваа инвестиција, Пивара Скопје продолжува да вложува во современа инфраструктура и решенија штосоздаваат долгорочна вредност, придонесуваат за подобри услови за работа, го поддржуваат идниот растна компанијата и ја зацврстуваат нејзината позиција како еден од најголемите инвеститори во земјата.

 

Можеби ќе ве интересира...

Златни медали за „Tikveš Châteaux & Domaines“ од реномираниот француски магазин „Terre de vins“

BiznisPRO

Defender на Скопски џез фестивал

BiznisPRO

Во организација на Халкбанк, во Маврово одржана уште една успешна Халк Вело Грин трка

BiznisPRO