Нова понуда од А1

Како дел од стратешкото партнерство на А1 Телеком Австрија Групацијата со стриминг платформата SkyShowtime, А1 Македонија станува првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што им ја нуди оваа стриминг услуга на корисниците со македонски превод.

По тој повод, како дел од специјалната понуда, А1 Македонија подготви подарок, SkyShowtime Standard пакет во период од 3 и 6 месеци, за сите нови корисници и оние кои ќе го обноват договорот на А1 Combo M односно А1 Combo L тарифа во комбинација со минимум една мобилна линија во наредниот период.

Со SkyShowtime, А1 корисниците можат да ги гледаат некои од најголемите светски блокбастер филмови, нови и ексклузивни серии и локална оригинална програма, вклучувајќи ги сите пет сезони од глобалната хит-серија Yellowstone и нејзините спинофови 1883 и 1923 година (втората сезона доаѓа во март), и наслови како Apples Never Fall, Douglas is Cancelled, Dexter: New Blood, Dexter: Original Sin, Landman, Lioness (s1-2), Star Trek: Section 31, Sweetpea, The Day of the Jackal, The Holdovers, The Tattooist of Auschwitz, Tulsa King и претстојните серии како што се Deadly Ties (Śleboda) и третата сезона од серијата Yellowjackets.

„Со големо задоволство објавуваме дека од денес го нудиме SkyShowtime, што претставува уште еден иновативен чекор на А1 Македонија кон обезбедување премиум содржина и супериорно корисничко искуство. Многу сум среќен што оваа услуга е достапна со македонски превод и титлови што ќе го направат ова искуство поудобно и попријатно, нудејќи премиум услуга која е уште повеќе прилагодена на потребите и желбите на корисниците“, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.

„Нашата соработка со А1 Македонија ја одразува нашата цврста посветеност да инвестираме во локални партнерства и да испорачуваме неспоредливи искуства со врвна содржина на корисниците. Со здружување на силите со А1, ние сме воодушевени да ги прошириме нашите ексклузивни серии, блокбастер филмови и оригинална програма на клиентите, приспособени да ги задоволат нивните различни преференци и да го збогатат нивното искуство со стриминг “, рече Христина Георгиева, Главен бизнис директор на SkyShowtime.

По завршувањето на валидноста на подарокот, претплатата може да се плати како дел од месечната сметка за телекомуникациски услуги. Дополнително, сите постоечки постпејд корисници ја добиваат уникатната можност да ја активираат услугата за само 307 денари месечно.
Услугата може да се активира преку апликацијата Мојот A1, преку веб-страницата на А1 Македонија, www.a1.mk и на сите продажни места на А1 Македонија.

По завршувањето на периодот од специјалната понуда, цената на пакетот SkyShowtime Standard ќе изнесува 307 денари месечно.
Со збогатување на портфолиото на производи со содржините на светски познатата платформа за стриминг, А1 Македонија ја докажува својата посветеност во креирањето понуди за супериорно корисничко искуство и ја потврдува својата лидерска позиција на пазарот како компанија која носи иновативни дигитални решенија кои нудат уште поголема вредност за секого.

Можеби ќе ве интересира...

Водафон ги продаде своите италијански операции на Swisscom за 8 милијарди евра

BiznisPRO

Групацијата 4iG со значителен чекор поблиску да стане мобилен оператор во Северна Македонија – Доставено е писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации

BiznisPRO

Македонски Телеком со моќна кампања за вистинско поврзување: да направиме место за емпатија, разбирање и блискост

BiznisPRO