Нова услуга на УЈП – Електронско уверение за состојба на остварениот доход

На брифинг со новинарите, директорката Елена Петрова заедно со тимот ја претставија првата целосно дигитализирана услуга на УЈП – „е-Уверение за состојба на остварен доход“!

Услугата е достапна за сите граѓани, вклучително и странци со привремен или постојан престој во земјата, кои се регистрирани корисници на системот „е-Даночни услуги“, како и за корисници кои допрва би се регистрирале на системот. Граѓаните ќе можат да го добијат своето е -Уверение за состојба на остварен доход за минат и за тековен период.

Придобивките од оваа нова електронска услуга се:

Брзо и едноставно издавање на е-Уверение во рок од 5 минути;
Без чекање во редови или потреба од физичко присуство во УЈП;
Достапно 24/7 преку платформата „е-Даночни услуги“;
Потполна сигурност и доверливост, со електронски временски жиг и QR код за верификација на документот.
Со оваа дигитализирана услуга го намалуваме времето и трошоците поврзани со процесот на обезбедување на овој документ и преку лесен и брз пристап до истиот, во секое време.

Преку платформата „е-Даночни услуги“ услугата е веќе достапна и може да се користи.

Можеби ќе ве интересира...

Дури 92,5 отсто од пензионерите би добиле доста повеќе пари со системско покачување на пензиите – илјадарката која ќе ја добијат во септември всушност значи многу помалку, тврди СДСМ

BiznisPRO

Северна Македонија првата земја што ќе го добие предфинансирањето според Планот за раст

BiznisPRO

Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика – Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се непроменети

BiznisPRO