Нова услуга на УЈП – Електронско уверение за состојба на остварениот доход

На брифинг со новинарите, директорката Елена Петрова заедно со тимот ја претставија првата целосно дигитализирана услуга на УЈП – „е-Уверение за состојба на остварен доход“!

Услугата е достапна за сите граѓани, вклучително и странци со привремен или постојан престој во земјата, кои се регистрирани корисници на системот „е-Даночни услуги“, како и за корисници кои допрва би се регистрирале на системот. Граѓаните ќе можат да го добијат своето е -Уверение за состојба на остварен доход за минат и за тековен период.

Придобивките од оваа нова електронска услуга се:

Брзо и едноставно издавање на е-Уверение во рок од 5 минути;
Без чекање во редови или потреба од физичко присуство во УЈП;
Достапно 24/7 преку платформата „е-Даночни услуги“;
Потполна сигурност и доверливост, со електронски временски жиг и QR код за верификација на документот.
Со оваа дигитализирана услуга го намалуваме времето и трошоците поврзани со процесот на обезбедување на овој документ и преку лесен и брз пристап до истиот, во секое време.

Преку платформата „е-Даночни услуги“ услугата е веќе достапна и може да се користи.

Можеби ќе ве интересира...

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

BiznisPRO

Сигурна во секој чекор со Халк Осигурување

BiznisPRO

Курсна листа за 20. март 2025

BiznisPRO