Нови рекорди на Волстрит, пораснаа акциите на технолошките компании

Вчера на ВОЛ СРИТ, индексот S&P 500 достигна рекордно високо ниво, како и Nasdaq, што главно се должи на растот на цените на акциите на технолошките компании, додека податоците за инфлацијата беа во согласност со очекувањата.

Dow Jones зајакна 0,12 отсто, на 38.996 поени, додека S&P 500 порасна за 0,52 отсто, на 5.096 поени, а индексот Nasdaq 0,90 отсто, на 16.091 поени.

Новите рекордни височини на S&P 500 и Nasdaq индексот најмногу се должат на растот на цените на акциите на технолошките гиганти, како што се производителите на чипови Nvidia и Advanced Micro Devices.

Податоците за инфлацијата, кои беа во согласност со очекувањата, имаа позитивно влијание на пазарот. Индексот на цените на личната потрошувачка, вклучително и енергија и храна, во јануари е зголемен за 0,3 отсто на месечно и 2,4 отсто на годишно ниво.

Тоа донекаде ги зајакна пазарните проценки дека американската централна банка би можела да започне со намалување на каматните стапки во јуни, додека лидерите на ФЕД велат дека нема причина да се брза со намалување на каматните стапки.

Главно благодарение на еуфоријата во однос на развојот на вештачката интелигенција, берзанските индекси пораснаа во февруари четврти месец по ред.

Во изминатиот месец, Dow Jones порасна за 2,2 отсто, додека S&P 500 скокна за 5,2 отсто, а индексот Nasdaq порасна за 6,1 отсто.

Цените на акциите вчера пораснаа и на повеќето европски берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,07 отсто, на 7.630 поени, а франкфуртски DAX за 0,44 отсто, на 17.678 поени. Парискиот CAC сепак ослабе за 0,34 отсто, на 7.927 поени.

Можеби ќе ве интересира...

PayPal отпушта уште 2.500 вработени поради зголемената конкуренција

BiznisPRO

Илјадници луксузни германски автомобили заглавени во американските пристаништа

BiznisPRO

ПАДНА ОДЛУКА: Поскапија бензините, корекција на цените ќе има и кај дизелот кој поевтинува – Еве ги новите цени

BiznisPRO