Нови цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за корекција на цените на нафтените деривати. Според новата одлука, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,451 ден/кг и отсега ќе изнесува 43,501 ден/кг.

Од друга страна, цените на останатите горива остануваат непроменети во однос на одлуката донесена на 3 март 2025 година. Со тоа, малопродажните цени на горивата изнесуваат:

🔹 ЕУРОСУПЕР БС-95 – 77,50 ден/лит
🔹 ЕУРОСУПЕР БС-98 – 79,50 ден/лит
🔹 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 72,00 ден/лит
🔹 Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 71,50 ден/лит

Оваа одлука стапува на сила веднаш и важи до следното редовно усогласување на цените.

Можеби ќе ве интересира...

Популарната онлајн продавница повеќе не ги прифаќа овие картички

BiznisPRO

Нов рекорд во освоени медали за вината на Tikveš Châteaux & Domaines на годинешниот Mundus Vini во Германија

BiznisPRO

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 82.3 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.8 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија

BiznisPRO