• април 5, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Објавени два јавни повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и за занаетчии

Објавени два јавни повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и за занаетчии

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информирашње дека Министерството за економија согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година објави два јавни повици за поддршка на домашните компании.

„Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и за субвенционирање на занаетчии, кои што ќе траат заклучно со 6 мај 2022 година, односно еден месец.Поддршката од страна на Министерството за економија која што е предвидена за домашните компании преку овие два јавни повици е вкупно 56 милиони денари, односно приближно ЕДЕН милион евра. При што вкупно 50 милиони денари се предвидени за субвенционирање на микро, малите и средни претпријатија или околу 800 илјади евра и 6 милиони денари за поддршка на занаетчиите или околу 100 илјади евра“ кажа Бектеши.

Како што информираше министерот, условите на Јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија предвидуваат: да вработуваат најмалку три лица, односно најмалку две лица доколку апликантот е претпријатие во сопственост и управувано од жена, а ќе се кофинансираат 30% од докажаните трошоци направени за набавка на машини потребни за производствениот процес на, но не повеќе од 200.000 денари по барател.

„Согласно Јавниот повик за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, ќе бидат кофинансирани 40% од докажаните трошоци направени зa набавка на машини и алати наменети за работа, кои се направени во текот на 2021 и 2022 година, но не повеќе од 100.000 денари по барател“ кажа Бектеши и додаде дека и за двата Јавни повика, согласно условите, субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци на компаниите за набавка на машини настанати во 2021 и 2022 година за компаниите кои ги исполнуваат следите услови: да се компании со мнозински домашен капитал, не добиле државна помош, во претходните три години не биле субвенционирани преку јавните повици од КИП програмата на Министерството за економија, да се основани најмалку една година пред објавување на јавниот повик, да не работеле со загуба во 2021 година, ги имаат подмирано сите обврски кон државата, да не е покрената стечајна постапка за нив и се од дејноста –Преработувачка индустрија.

„Средствата кои се на располагање на двата Јавни повици ќе се распределат кај сите апликатни кои што ги исполнуваат условите по принципот Рамномерен регионален развој.Тоа значи дека апликантите покрај износот за кофинансирање утврден во Јавниот повик ќе добијат и дополнителна финансиска поддршка во зависност од планскиот регион од каде е седиштето на апликантот, која ќе се пресметува врз основа на процентуална разлика помеѓу планскиот регион со највисока вредност на БДП по глава на жител и вредноста на БДП по глава на жител на планскиот регион во кој е седиштето на барателот на финансиска поддршка“ кажа Бектеши.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…