ПРОМО

ОД ДЕНЕСКА СЕ МЕНУВА НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ – Стариот образец ПП50 се заменува со нов налог

Од понеделник, 9 ноември 2026 година, започнува примената на нови платни налози за уплата на царински давачки и готовински депозити. Царинската управа ги извести економските оператори, царинските застапници и останатите уплатувачи дека досегашниот образец ПП50 се заменува со платен налог за кредитен трансфер кон буџетските корисници, означен како КТБ – Образец број 7.

Промената се спроведува согласно новите правила за платежни трансакции утврдени од Народната банка. Царинската управа објави три прилози со примери за пополнување на налозите за готовински депозити, уплати на евидентната сметка и дополнителни наплати по решение. Особено е важно правилното пополнување на полето „Опис на плаќањето“, каде што се внесува референтниот број за идентификација на уплатата.