Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме уште две нови дестинации на барање на дијаспората

Од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа:

Скопје -Женева
Скопје – Париз (аеродром Орли)

Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.

Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии.

Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот.

Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации кои ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите:

Охрид – Истанбул
Охрид – Базел Мулхаус
Скопје – Дубаи
Скопје – Штутгарт
Скопје – Лион
Скопје – Барселона
и за истите се овозможува финансиска подршка по принципот на патник во доаѓање.

“Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата. Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот. Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои и веќе преговараме и очекувам воведување и на други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија. Развојот на авиосообраќајот е дел од владините приоритети и еве се потврдуваат нашите напори и овој сегмент да го развивавме”- истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Можеби ќе ве интересира...

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

BiznisPRO

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

BiznisPRO

Нови цени на бензинот и дизелот

BiznisPRO