Одбележана 100 годишнината на Светскиот ден на штедењето

Традиционално Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити го одбележа Светскиот ден на штедењето 31. октомври.

Настанот започна со презентација на европскиот проект MiCreS, од страна на г-ѓа Фатма Диркес, потпретседателка на Frankfurt School of Finance & Management и претседателка на European Banking & Financial Services Training Association (EBTN) и Катиа Гоертз, директор на проектот.

Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, го отвори свечениот дел со обраќање во кое го истакна значењето на штедењето и заложбите на банкарскиот сектор и асоцијацијата за финансиска едукација.

На присутните им се обратија и г-ѓата Фатма Диркес, министерката за финансии м-р Гордана Димитриеска-Кочоска, вицегувернерката на Народната банка м-р Емилија Нацевска и в.д. директорот на Фондот за осигурување на депозити г-дин Бехар Емини.

Во рамките на прославата беа доделени признанија на најистакнатите банкарски службеници од оваа година – вкупно 31 најдобар вработен од членките на Македонската банкарска асоцијација, вклучувајќи банки, штедилници, Клириншка куќа КИБС и Македонското кредитно биро. Исто така, беше врачено и посебно признание на м-р Тони Стојановски во знак на почит за неговата посветеност и значаен придонес како заменик-претседател на МБА од 2018 до 2024 година.

Светскиот ден на штедењето, кој бил востановен на првиот меѓународен конгрес на штедилници во Милано на 31 октомври 1924 година се одбележува во нашата земја од 1999 година, со акцент на важноста на штедењето и финансиската писменост.

Можеби ќе ве интересира...

МФ: Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија писма за изразување на интерес за финансирање на брзата пруга

BiznisPRO

Мислевте дека пазарот на кафе го достигна врвот минатата година? Новите скокови на цените од јануари продолжуваат да уриваат рекорди

BiznisPRO

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, јануари 2025 година

BiznisPRO