Огревното дрво останува најзастапен енергент за греење, а кај електричните уреди се издвојуваат клима-уредите инвертери и топлинските пумпи како поефикасни технологии за греење и догревање

Според податоците од Анкетата за потрошувачка на енергија во домаќинствата, во 2024 година просечната површина на живеалиштата изнесува 91.93 м², просечната површина која се загрева 49.99 м², додека просечниот број лица по домаќинство изнесува 3.04.
Во структурата на користени енергенти за греење, најголемо учество има дрвото како енергент, односно огревното дрво, дрвото од овошни насади и дрвените отпадоци прикажани како една категорија, со 38.2 %. Значително учество имаат и електричната енергија со 24.6 %, додека домаќинствата што користат два или повеќе енергенти како основен тип учествуваат со 18.6 %. Топлинската енергија од јавна котларница учествува со 10.8 %, додека пелетите и останатите енергенти имаат помало учество.

Податоците покажуваат дека кај електричните уреди за греење и догревање, домаќинствата сè повеќе се ориентираат кон клима-уредите инвертери, кои во 2024 година се најзастапени со 277 115 уреди.

Анкетата покажува зголемена употреба на машини за миење садови, машини за сушење алишта и микробранови печки, а истовремено и намалување на употребата на фрижидери со една врата и посебно длабоко замрзнување.

Податоците покажуваат и раст на користењето соларна енергија. Во 2024 година, 91 545 домаќинства имале инсталирано соларни колектори, а инсталираната површина изнесува
227 686 м2.

Во делот на енергетската сиромаштија, 10.6 % од домаќинствата изјавиле дека секогаш имаат финансиски тешкотии при плаќањето на сметките за електрична енергија или при набавката на енергенти за загревање, додека 40.0% изјавиле дека никогаш немаат такви тешкотии.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе биде курсната листа за девизите викендов?

BiznisPRO

Курсна листа за 21 март 2025

BiznisPRO

Nvidia достигна пазарна капитализација од 4 трилиони долари

BiznisPRO