ОКТА го продолжува попустот од три денари за дизел и два денари за бензините по литар, до крајот на месецот

Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар.

Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, големопродажните и малопродажните трговци остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени.

Можеби ќе ве интересира...

Овој ноември сме плаќале поскапо кафе и храна по кафичите и рестораните за цели 4,1 отсто во однос на лани

BiznisPRO

Во септември 2025 година 132 999 туристи оствариле 262 686 ноќевања.

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите во вторник – Курсна листа за 29 јули 2025

BiznisPRO