ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава. Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24ти март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика.

Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, компанијата повторно ја потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Република Северна Македонија.

 

Можеби ќе ве интересира...

Поскапија горивата во Македонија

BiznisPRO

Цените во Германија растат

BiznisPRO

Следува исплата на К-15 – над 84.000 админитравци ќе добијат по 11.000 мкд

BiznisPRO