ОТКАЖАНИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ЛЕТОВИ: Вработените во авиокомпанијата штрајкуваа

Повеќе од 30 летови на германската авиокомпанија Луфтханза до и од бриселскиот аеродром Завентем во периодот од средата навечер до саботата наутро беа откажани поради штрајк на копнениот персонал на Луфтханза.

Откажани се летовите меѓу бриселскиот аеродром и германските градови Франкфурт и Минхен, пишува „Brussels Times“.

– Има шест лета до и од Минхен и 11 лета до и од Франкфурт. Ќе бидат откажани вкупно 34 летови. Не очекуваме да следат дополнителни откажувања – изјавија за новинската агенција Белга на аеродромот во Брисел.

Малку е веројатно дека протестот ќе има последици за подружницата на Луфтханза, Брисел ерлајнс, бидејќи нејзините летови до и од Франкфурт и Минхен ќе продолжат според планираното.

На иницијатива на синдикатот Верди, персоналот на Луфтханза денеска во 20 часот ќе започне 60-часовен штрајк. Луфтханза претходно соопшти дека протестот ќе ги наруши плановите за патување за повеќе од 200.000 патници, на кои ќе им бидат понудени алтернативи или рефундирање.

Можеби ќе ве интересира...

Мекдоналдс изгуби уште еден случај

BiznisPRO

Французите добија дозвола: Ја напуштаат Русија – загуба од 1,2 милијарди евра

BiznisPRO

Растот на глобалната трговија би можел да се удвои оваа година

BiznisPRO