Ова се новите цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,02 % во однос на Одлуката од 6.12.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,526 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,053 ден/кг.

Од 14.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,053 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 5,848% , кај дизелот за 4,015% , кај екстра лесното масло за 5,285 % и кај мазутот за 4,763%.

Можеби ќе ве интересира...

Тимот на „Алкалоид“, кој годинава броеше околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата, во текот на трите работни денови оствари повеќе од 400 деловни средби со партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници на компанијата

BiznisPRO

Поскапуваат горивата – Ова се новите цени

BiznisPRO

Дневница и над 1500 денари, платена и храна: Овој град во Македонија има потреба од берачи на јаболка

BiznisPRO