Оваа европска земја ја „шие“ конкуренцијата: Воведе 4-дневна работна недела

Според истражувањето објавено минатата недела, економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји во однос на растот, откако воведе пократка работна недела без намалување на платите низ целата земја.

Помеѓу 2020 и 2022 година, 51 процент од работниците во земјата ја прифатиле понудата за пократка работна недела, објавија двата институти, истакнувајќи дека процентот веројатно ќе биде уште поголем денес.

Минатата година Исланд забележа побрз економски раст од повеќето европски земји, а стапката на невработеност е една од најниските во Европа, покажуваат податоците на Институтот за автономија од Обединетото Кралство и Исландската асоцијација за одржливост и демократија (Алда).

Можеби ќе ве интересира...

Дурмиши од Чаир: Компаниите да ја искористат финансиската поддршка за инвестиции

BiznisPRO

Доаѓа значително зголемување на минималната плата?

BiznisPRO

ПОЕВТИН ДИЗЕЛ ПО ОДЛУКАТА НА ОКТА – Попуст од два денари по литар, дизелот ќе чини 97 денари

BiznisPRO