Оваа европска земја ја „шие“ конкуренцијата: Воведе 4-дневна работна недела

Според истражувањето објавено минатата недела, економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји во однос на растот, откако воведе пократка работна недела без намалување на платите низ целата земја.

Помеѓу 2020 и 2022 година, 51 процент од работниците во земјата ја прифатиле понудата за пократка работна недела, објавија двата институти, истакнувајќи дека процентот веројатно ќе биде уште поголем денес.

Минатата година Исланд забележа побрз економски раст од повеќето европски земји, а стапката на невработеност е една од најниските во Европа, покажуваат податоците на Институтот за автономија од Обединетото Кралство и Исландската асоцијација за одржливост и демократија (Алда).

Можеби ќе ве интересира...

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во септември 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 1.7 %

BiznisPRO

Audi затвора фабрика во срцето на Европа

BiznisPRO

Растот на глобалната трговија би можел да се удвои оваа година

BiznisPRO