Овој февруари, со купување на органска храна во dm добивате подарок – книга со dmBio рецепти

Оваа година, dm ве мотивира да научите нешто ново и да создадете нови навики! Во периодот од 3 до 16 февруари, со купување на органски производи во вредност над 999 денари во која било dm дрогерија, ќе добиете подарок – книга со 25 вкусни dmBio рецепти, одбрани и подготвени од страна на готвачи од нашата земја, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.  

Книгата „Кулинарско патување со dmBio“ содржи брзи и вкусни рецепти за подготвување на оброци од органски производи, која купувачите можат да ја добијат со купување на омилените органски производи во која било dm дрогерија. Понудата важи од 3.2  до 16.2, односно до истекот на залихите. 

Органската храна е тренд кој полека, но сигурно, го освојува светот и станува се’ поважен дел од животот на современиот човек. Како најголем понудувач на органска исхрана на македонскиот пазар, dm ги охрабрува луѓето да се свртат кон поздрави навики и да ја стават органската храна на врвот на листата на намирници кои ги употребуваат во секојдневието. Сертифицираните органски производи можете да ги најдете во секоја dm дрогерија.

Со оваа книга, dm на купувачите им дава инспирација за готвење, но и конкретни идеи за вкусни, здрави, природни оброци.

Повеќе информации за понудата и за производите кои се дел од dmBio асортиманот дознајте на: https://www.dm.mk/

Можеби ќе ве интересира...

Халкбанк ги носи децата на планетата Ѕвездалија за месецот на штедењето

BiznisPRO

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 14 %, извоз од 157,7 милиони евра и инвестиции од 16,5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024 г.

BiznisPRO

Концерти, фестивали, кино на отворено – Halk EZ ја отвора сезоната на кул искуства за своите корисници

BiznisPRO