ПАДНА ОДЛУКА: Бензинот поскапува, екстра лесното масло поевтинува – Еве ги новите цени на горивата

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 94,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 93,00 ден/литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 90,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,00 ден/лит и на Мазутот М-1 НС изнесува 50,067 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Бизнис про

Владата ги задолжи институциите да ги користат исклучиво услугите на Македонска пошта за поштенски пратки

Бизнис про

Цената на маслото за јадење намалена за 40 денари

Бизнис про