• април 8, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје

Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје

Шпаркасе Банка АД Скопје објавува дека, во согласност со промените во Управниот одбор планирани во текот на Проектот за интеграција со Охридска банка АД Скопје, Глигор Бишев ќе го искористи своето право на пензионирање и ќе замине од позицијата претседател на Управниот одбор заклучно со 30.4.2022 година.

Глигор Бишев ја водеше Шпаркасе Банка АД Скопје од почетокот на 2013 година и за време на неговиот мандат Банката го зголеми и го стабилизираше своето пазарно учество и профитабилност, стана лидер во проектно финансирање, воведе иновативни и модерни производи за население и го поддржуваше севкупниот економски раст во Северна Македонија.

Претседателот на Надзорниот одбор Георг Бухер ја искажа својата благодарност кон Глигор Бишев за неговата визија, лидерство и придонес кон развојот на Банката и заштитата на интересите на сите засегнати страни во овој предизвикувачки период.

„Под лидерството на Глигор Бишев и неговите колеги, Банката ја продолжи својата ориентација кон иднината, развивајќи се во модерен и иновативен партнер на секое домаќинство и компанија во земјата. Помеѓу многуте предизвици со кои се соочивме минатите години, како што е пандемијата со ковид-19, Банката успешно ја реализираше најголемата банкарска интеграција во поновата историја, станувајќи едно семејство со Охридска Банка АД Скопје во текот на 2021 година“, изјави Георг Бухер.

Од 1 мај 2022 година, позицијата претседател на Управниот одбор ќе ја преземе Санел Кустурица, сегашниот заменик-претседател на Управниот одбор, кој се придружи на Банката на почетокот на 2021 година, откако претходно беше на чело на Шпаркасе Банка во Босна повеќе од 10 години. Нина Неданоска, сегашен член на Управниот одбор, ќе стане заменик-претседател на Управниот одбор. Алвин Аличевич, член на Управниот одбор на Банката од 2017 година, ќе продолжи да ја извршува својата функција на член на УО, одговорен за управувањe со ризиците. Се проценува дека оваа непречена транзиција дополнително ќе придонесе кон севкупниот иден развој, потенцијал и репутација на Шпаркасе Банка АД Скопје како стабилна и прудентна банка, која ќе овозможи спроведување на проектираниот курс на перманентен и долгорочен развој на Банката.

Поврзани соддржини

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…
Утврдени нови цени на горивата

Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити…

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во…
Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 20.02.2023 година произведе 17.091 MWh електрична енергија, која е…
Падна одлука: Поскапуваат горивата

Падна одлука: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Падна одлука – Нови цени на горивата

Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Ново значително поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната…