Падна одлука – Утврдени нови цени на бензините

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 денари/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 денари/литар.

Можеби ќе ве интересира...

Доларот паѓа трета недела по ред

BiznisPRO

Штедете без ограничувања, со пристап до вашите средства во секое време

BiznisPRO

Просечната нето плата во Македонија 41.999 денари

BiznisPRO