ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Драстично поевтинуваат бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај дизелот за 12,699%, кај екстра лесното масло за 12,354% и кај мазутот намалувањето е за 11,352%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396%.

Од 23.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​ 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​ 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво​ ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ​ 80,50 (денари/литар)
Масло за горење​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​ ​ 79,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС​​​​​​ 42,291 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 7,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

Цените во Германија растат

BiznisPRO

Регионалниот проект за управување со цврст отпад во земјата, финансиран од ЕБОР, добива дополнително финансирање од ЕУ

BiznisPRO

Пензиите во март следната година ќе скокнат за уште 2.500 денари, но колку ќе се покачи минималната плата?

BiznisPRO