МИЛИОНСКА ИЗМАМА СО БРЗИ КРЕДИТИ – Искористувале туѓи лични податоци, вмешани и банкарски службеници според МВР

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.Д.(23) и М.В.(35), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, како и против М.П.(34), С.М.(27), Н.Н.(34), Д.М.(48) и С.О.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавената, во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите, тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 12.221.500 денари.

Можеби ќе ве интересира...

ОД ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ВАЖЕН ПЕНЗИСКИ РОК – Лицата со бенефициран стаж имаат три месеци да одлучат

BiznisPRO

Фич рејтинг го потврди долгорочниот рејтинг на Данска во странска валута на „ААА“ со стабилна перспектива

BiznisPRO

Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

BiznisPRO