Пак поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 % во однос на одлуката од 15.05.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,293%, кај дизелот за 1,021%, кај екстра лесното масло за 4,381% и кај мазутот зголемувањето е за 0,382%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2495%.

Од 17.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 36,529 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со советодавна посета на пазарот на ракотворби во ГТЦ и на закупувачи на штандови на Виноскоп во Скопје

BiznisPRO

Секој четврт македонски граѓанин сиромашен

BiznisPRO

Скокна бројот на странски туристи во Македонија

BiznisPRO