Пазарите продолжуваат да дивеат: Цената на гасот во Европа е 1.800 долари за илјада кубни метри

На фјучерсиот пазар во Европа цената на гасот денеска е околу 1.800 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

На отворањето на тргувањето рано утринава цената на гасот падна под 1.600 долари за илјада кубни метри, а потоа тргна по нагорна линија, достигнувајќи го нивото од 1.792 долари за 1.000 кубни метри во холандскиот центар ТТФ или 157 евра за MWh.

Од почетокот на денешното тргување цената е зголемена за 0,7 отсто.

Според руската агенција, утринава падот на цената под 1.600 долари е поттикнат од веста за очекуваниот почеток на преговорите меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба во Анталија.

Можеби ќе ве интересира...

Изминатото деноноќие произведени се 7.616 MWh електрична енергија

BiznisPRO

Директорот на Амазон строго им рекол на вработените „Или вратете се во канцеларија или сменете го работното место“.

BiznisPRO

ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Силниот долар ја намали вредноста на барелот

BiznisPRO