Дали сме подготвени за свет во кој вештачката интелигенција не само што дава информации, туку и извршува задачи? Како компаниите ќе го задржат талентот кога платата веќе не е единствениот мотив? И зошто финансиската писменост станува прашање на национална безбедност?
Одговорите на овие прашања ќе бидат во фокусот на претстојниот The Economist MeetUp, кој под мотото „Светот во 2026“, на едно место ќе ги собере водечките бизнис лидери, иноватори и носители на одлуки од Југоисточна Европа, на 18 декември 2025 година.
Регионална елита на една сцена
Ексклузивитетот на овогодинешното издание го потврдуваат тројцата Keynote говорници кои доаѓаат од самиот врв на бизнис заедницата во регионот:
- Немања Мариновиќ (ArcelorMittal) – лидер во челичната индустрија и глобалната економија;
- Саша Поповиќ (Vega IT) – еден од најуспешните tech-претприемачи на Балканот;
- Драган Филиповиќ (Generali Osiguranje Srbija) – врвен стратег во секторот финансии и осигурување.
Нивното присуство ја позиционира оваа конференција како централна точка за економска стратегија во регионот, каде ќе се дефинираат четирите клучни столба на иднината: Луѓе, дигитализација, индустрија и финансии.
Визија наместо само прогноза: Дигитални финансии, безбедност и иновации
Покрај регионалните гости, на сцената ќе настапат лидери кои веќе ја имплементираат иднината во своето работење, отворајќи ги темите за иднината на капиталот и сајбер безбедноста.
- Иван Ивановски (PrimeClass & Prime Capital) ќе отвори дискусија за финансиската независност, нагласувајќи дека „иднината не припаѓа на оние што реагираат брзо, туку на оние што разбираат длабоко“.
- Во контекст на инфраструктурната безбедност, Филомена Пљаковска Аспровска (КаСис), во пресрет на јубилејот од 25 години, ќе зборува за сајбер безбедноста не како техничко прашање, туку како „прашање на национална инфраструктура“.
- За важноста да се инвестира во луѓето ќе зборува Тони Јанковски (Diners Club), ставајќи акцент на тоа дека силните компании се градат токму од вработените, додека Бјанка Катру (М Кеш) ќе се осврне на финтек револуцијата и брзиот пристап до капитал.
- Кругот на финансиска стабилност ќе го затвори Катерина Бошевска (EOS Matrix), која ќе ја нагласи потребата од европски стандарди во наплатата како услов за здрав економски систем.
Кадар подготвен за трансформација и вештачка интелигенција
Клучниот предизвик за 2026 е како технологијата и луѓето ќе работат заедно.
- Во сегментот на технологијата, Ведран Бајер (Wonderful) носи револуционерна теза за „длабока локализација“, најавувајќи AI агенти кои автономно решаваат задачи и крај на нефункционалните контакт центри.
- Оваа трансформација бара нови вештини, за што ќе говори Валентина Тасева (Семос Едукација), која посочува дека „АИ веќе не е само алатка, туку дел од секојдневието“, а фокусот се поместува кон стратегиски „learning consultancy“.
- Како одговор на недостигот на талент, Владимир Стефановски (Kiel) ќе го презентира успешниот модел на градење локален талент наместо чекање „готов кадар“, потврдувајќи дека „задржувањето на кадар е прашање на култура и доверба“.
- За талентите и луѓето ќе се осврне и Павле Зимбаковски, тренер за професионален развој кој ќе зборува за креирање организациска култура во која што ќе чувствуваат вработените припадност, но и за потребата на поставувањето на правила и принципи на функционирање.
Големите системи како предводници на одржливоста
Во делот на индустријата, фокусот е ставен на големите системи кои инвестираат во одржливост.
Ивица Карапетров (Бучим) ќе зборува за „системскиот пристап кон одржливи практики и управување“, додека Стевчо Ристески, директор за продажба на A1 Телеком ќе ја истакнe важноста на робусната дигитална инфраструктура како основа за сите одржливи и паметни решенија.
„Светот во 2026 година нема да го наградува просекот. Нашата цел со овој MeetUp е да го преместиме фокусот од ‘преживување на промените’ кон ‘дизајнирање на иднината’. Настанот под франшизата на престижниот британски магазин Економист и годинава очекуваме да биде местото на кое ќе се разменат идеи и склучат соработки кои ќе ја одбележат 2026,“ велат организаторите.
Ги покануваме медиумите и бизнис заедницата да бидат дел од овој дијалог што ќе ја мапира патеката на успехот за наредната деценија.
За повеќе информации https://economistmeetup.com.mk/
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
