Подобрување на услугите за граѓаните: Народната банка овозможи бесплатно, дигитално добивање извештај од Кредитниот регистар

Олеснувањето на процесите и подобрувањето на услугите, преку користењето на придобивките од дигитализацијата е заложба на Народната банка и таа како регулатор, но и преку личен пример, настојува да се зголеми искористувањето на технолошките придобивки. За таа цел, Народната банка им овозможи на граѓаните брзо и лесно добивање извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги www.uslugi.gov.mk. Директна врска за да се извади извештајот за кредитната изложеност е https://uslugi.gov.mk/register.nspx. Како и до сега, кога услугата се добиваше единствено во просториите на Народната банка, таа е бесплатна.

За да ја користат оваа услуга, граѓаните ќе треба да се регистрираат на Националниот портал за услуги. Услугата ќе им биде достапна во текот на 24 часа, на македонски или на албански јазик. Извештајот од Кредитниот регистар ги содржи податоците за вкупната кредитна изложеност на граѓанинот заклучно со последниот датум на податоците со коишто располага Народната банка.

Можеби ќе ве интересира...

Од 563 до 1.198 евра: Државна помош ќе можат да добијат лица без постојана адреса

BiznisPRO

Дали е време да се оди во менувачница? Курсна листа за 15 февруари 2024

BiznisPRO

Доаѓа ново покачување на пензиите во септември

BiznisPRO