ПОЕВТИНУВААТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Барелот поевтинува бргу, пумпата обично оди со потешка нога

Светските цени на суровата нафта продолжија да паѓаат по намалувањето на воените тензии меѓу САД и Иран. Во еден момент Брентот загубил повеќе од девет проценти и се спуштил под 88 долари за барел, откако претходната недела надминувал 100 долари.

Пазарот реагира на тридневната пауза во нападите и обновените обиди за преговори. Сепак, снабдувањето останува чувствително бидејќи низ Ормускиот Проток минува значителен дел од светската нафта и течен природен гас.

Пониската берзанска цена не значи автоматско и моментално поевтинување на горивата во Македонија. Домашните цени зависат и од референтниот период, курсот на доларот, даноците и одлуките на РКЕ.

Можеби ќе ве интересира...

Лоши вести за возачите, падна одлука во РКЕ: Поскапуваат дизелот и бензинот

BiznisPRO

Распишан јавен тендер за нов мобилен оператор – Можен ли е пад на прескапите цени во мобилната телефонија?

BiznisPRO

Годишно собрание на HELLENiQ ENERGY: Поставени цврсти темели за нова стратешка патека на раст

BiznisPRO