Покачување на пензиите од април за 1.000 денари, колку што чинат 5 килограми краставици

Сите пензионери ќе добијат илјада денари покачување од април со мартовската пензија, пренесува Centar.mk.

Покачувањето и овој пат ќе биде линеарно, а не процентуално и системски.

За едни зголемувањето на пензијата за 1.000 денари е доволно, но други пензионери велат дека со толку пари може да се купат 5 килограми краставици или 2 кг месо.

Премиерот Христијан Мицкоски и вчера и денеска го најави ова покачување.

– 150.000 пензионери, пред да почне ова линеарно зголемување, имаа пензии кои што беа околу 10 до 12 илјади денари. 150.000 пензионери од 330.000. Што значи дека тие сега веќе, со овие 7.000 денари линеарно зголемување, немаат пензија која што е, која што е под 15.000 денари, односно тие се движат од 17 до 19.000 денари, изјави неодамна премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со важна информација до организаторите на зелени пазари – До 31-ви декември поднесете извештај з атековната состојба на корисниците на тезги на зелените пазари за наредната 2026-та година

BiznisPRO

Инфлацијата успорува: Паѓаат ли каматните стапки?

BiznisPRO

Паднаа цените на горивата – ова се новите цени

BiznisPRO