Помалку издадени одобренија за градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2024 година се издадени 260 одобренија за градење, што е за 18.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 250 392 илјади денари, што е за 63.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан (интерконективен) гасовод Република Северна Македонија – Грција.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (59.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22.7 %) за објекти од нискоградба и 46 (17.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 260 објекти, на 146 (56.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (43.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49 111 м2.

Можеби ќе ве интересира...

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Дизелот поскапува за 14,5 денари

BiznisPRO

Чудна корекција на цените на горивата: Бензинот поскапува, а дизелот поевтинува – сето тоа во ист ден

BiznisPRO

УЈП со важна информација до организаторите на зелени пазари – До 31-ви декември поднесете извештај з атековната состојба на корисниците на тезги на зелените пазари за наредната 2026-та година

BiznisPRO