Пораснал бројот на магистри и специјалисти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 846 лица, од кои 1550 или 84 % се магистри и 296 или 16 % се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2023 година, е зголемен за 0.9 %.

Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки во 2024 година е 61.6 %.

Во 2024 година, најголем број од магистерските трудови, 644 или 41.5 %, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 19.8 % се од областа на инженерството, производството и градежништвото, по што следат општествените науки со 12.6 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

Можеби ќе ве интересира...

Најголемиот производител на месо во Данска ќе отпушти стотици вработени

BiznisPRO

Бројот на одобренијата за градење во април 2026 година е намален за 38.0 % во однос на истиот период од претходната година

BiznisPRO

Колку ќе чини доларот, а колку еврото во среда? – Курсна листа за 30.10.2024

BiznisPRO