Поскапува дизелот за два денари по литар, сега ќе изнесува 109,5 денари

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 денари за литар, а на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111.5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 109,5 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така останува иста, односно ќе се продава за 105,0 денари за литар.

Исто така, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста и таа изнесува 56,3 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Одлуки за цените на горивата во Македонија можеби ќе треба да се носат и на дневно ниво: Значително поскапуваат горивата, нафтата на светските берзи расте

BiznisPRO

Какви се цените на горивата во Македонија, регионот и Европа?

BiznisPRO

Како се произведуваат соларните панели? – Еве за колку време се враќа инвестицијата од 6.000 евра во фотоволтаици

BiznisPRO