Поскапуваат горивата – Ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 23.1.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,344%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 1,201%, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,948% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,362%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,333%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,304 ден/кг.

Од 31.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС 41,346 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.1.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира...

Изминатото деноноќие произведени 6.519 MWh електрична енергија – државата купи третина од потребната струја

BiznisPRO

Државата дели ваучери за клима уред – За само 24 часа над 2.000 апликации

BiznisPRO

Германците ова не го виделе повеќе од една деценија: Цената на становите почнува да паѓа, дали може да очекуваме драстично поевтинување и кај нас?

BiznisPRO