• јули 26, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

ССК се вклучува во креирање решенија за имплементацијата на договорите од „Отворен Балкан“

ССК  се вклучува во креирање решенија за имплементацијата на договорите од „Отворен Балкан“

Потпретседателите на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓоргиевски и Сашо Дукоски како дел од владината делегација учествуваа на состаноците на меѓувладините работни групи и стопанските комори во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ каде се дискутираше за детална имплементација на постигнатите договори. Настанот се одржа во Тирана, а во фокус на дискусија на средбите беше изнаоѓање на заеднички механизми за постигнувањето на енергетска стабилност во регионот како и надминување на предизвикот за обезбедување на доволни количини на основни прехранбени производи.

Формирани се пет работни групи, комисии, а во рамките на нивните активности ќе се подготват конкретни решенија за операционализација и имплементација на веќе постигнатите договори во рамките на „Отворен Балкан“. Потпретседателот на Сојузот и претседател на Агро-бизнис комората, Ѓоргиевски како член на работно тело учествуваше на панелот “Безбедност на храна: решенија, инструменти и мерки“.

„Работните состаноци беа исклучително ефикасни. Постигнат е договор да се направи драфт верзија на протокол со кој ќе се постигне елиминирање на царинските и транспортните бариери кои сега постојат и ќе се поедностават процедурите поврзани со Агенција за храна и ветеринарство и со Фитосанитарна инспекција. Овој протокол очекуваме да биде усогласен и потпишан од претставници на трите држави во септември во Белград“, истакна Ѓоргиевски.

Потпретседателот на Сојузот Сашо Дукоски, како дел на комисија, учествуваше на панелот посветен на изнаоѓање на можности за унапредувањето на трговската размена и синџирите на снабдување. Бизнис секторот ги детектира слабостите во движењето на стоките, работните дозволи и движењето на капиталот. Сојузот исто така ја адресира потребата да отворат „зелени ленти“ на граничните премини и за патничкиот сообраќај, а не само за товарниот.

Посебен акцент се стави на изнаоѓање на решенија за надминување на енергетската криза.

„Договорено е на државно ниво да се направи проценка на енергетските баланси на сите држави, како и на можноста за споделување на капацитети и заеднички инвестиции во зависност од тоа која држава каква компаративна предност има. Се планира и зголеменото производство да може да се користи по повластени цени од страна на државите кои се дел од иницијативата доколку имаат потреба“, истакна Дукоски.

Сојузот на стопански комори верува дека иницијативата „Отворен Балкан” во која засега членуваат Македонија, Албанија и Србија, ќе биде проширена и со вклучување на другите држави од Западен Балкан и дека преку нејзините активности ќе се постигне економски раст на регионот како и негово приближување до Европската Унија.

Препознавајќи го потенцијалот на регионалната соработка Сојузот поддржува и други регионални иницијативи меѓу кои и „Зелен навигатор за Западен Балкан“ која преку финансиска поддршка и трансфер на знаење и искуство на претпријатијата ќе им обезбеди побрза зелена транзиција.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…